Филтрација, деферизација и деманганизација

Филтрацијата е една од основните операции во системите за подготовка на водата. Се применуваат во сите делови на системите за вода, како за филтрирање на суровата вода така и за филтрирање на водата во рециркулација.

Примена:

  • Пречистување на водата за пиење
  • Предтретман за омекнување и реверзна осмоза
  • Снабдувањето со вода во пиварите и прехрамбената индустрија
  • Рециркулација на процесната вода

ПЕСОЧНИ ФИЛТРИ – Се користат за отстранување на суспендирани и колоидни честички од суровата вода.

МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ФИЛТРИ – служат за отстранување на повеќе различни материи во помали концентрации, во истиот уред. Во мултимедијалните филтри покрај отстранувањето на суспендираните и колоидните честички може да се отстрани и железо, манган итн. Филтерските исполни се различни но најчесто:

  • Кварцен песок во повеќе слоеви со различна гранулација
  • Полнење од хидро антрацит или активен јаглен
  • Комбинација на повеќе видови исполни

ДЕФЕРИЗАЦИЈА – Уредот за отстранување на железо претставува филтер кој е исполнет со катализаторска исполна која го преведува железото во форма на таложен ферохидроксид. Со периодично повратно испирање овој колоиден талог се исфрлува од слојот на катализаторот. Работниот век се продолжува со регенерација на филтерската исполна и согласно тоа нудиме исполни со:

  • Континуирана регенерација
  • Прекинувачка регенерација

Нашата понуда опфаќа:

  • Автоматски филтри дизајнирани за најтешки индустриски услови
  • Сите модели се достапни во сингл, дуплекс, триплекс и квадриплекс варијанта
  • Нашите инженери со задоволство ќе ви помогнат во изборот на соодветна конфигурација како и во интеграцијата на уредот во линијата за подготовка на водата

Сервисниот тим може да изврши поврзување на уредот и пуштање во работа на Вашата локација