Резервоари за прехрамбена и хемиска индустрија

  • За прехрамнена индустрија
  • За хемиска индустрија
  • Самоносечки – цилиндрична изведба
  • Подземни – квадарна изведба

Опис

Поделба според изведбата:

  • самоносечки – појачан со метална конструкција, хоризонтален, цилиндричен облик BP SHS
  • самоносечки – појачан со метална конструкција, вертикален, цилиндричен облик BP SVS
  • подземен – изработен од полипропиленски ѕидни елементи односно плочи, квадарен облик BP SCS

Освен димензиите кои се наведени во табелите, резервоарите може да се изработат и според барањата на проектантот односно инвеститорот.


Општо за резевоарите за пехрамбена и хемиска индустрија

  • Резервоари за прехрамбена индустрија
    • складирање на алкохол,
    • ферментација на вино,
    • чување на вино,
    • складирање на оцет, мед и др.
  • Резервоари за хемиска индустрија
    • складирање на технолошка вода и други течности,
    • складирање на киселини, бази и други опасни хемикалии,
    • галванизација (кади за галванизација),
    • неутрализација (кади за неутролиација).

Резевоарите како и сите приклучоци и отвори на истите се изведени од полипропилен или полиетилен така што не постои опасност од нагризување на материјалот од агресивни супстанции. Приклучоците може да се изведат како прирабници или како навојни споеви.

Освен по формата резервоарите ги делиме на самоносечки резервоари како и на резервоари кои се вкопуваат. Самоносечките се појачуваат со метална конструкција која во зависност од потребите соодветно се заштитува. Додека резервоарите кои се вкопуваат вообичаено се со правоаголен пресек и се произведуваат од таканаречени „ѕидни елементи“ (ребрасти плочи со дебелина од 80 mm).