УВ дезинфекција и хемиски третман

Пречистената вода со дополнително третирање се оспособува за понатамошна употреба.
Третиот степен на пречистување е дезинфекција на отпадните води, која се врши по хемиски пат (хлорирање) и излагање на ултравиолетово (УВ) зрачење.

Description

Хлорирање

Многу системи за третман на отпадните води  го користат хлорирањето како дезинфекциска метода. Хлорирање е процес на додавање на хлорни соединенија во водата чија цел е отстранување на микроорганизмите. Хлорот делува на ензимскиот систем на микроорганизмите и на тој начин ја оневозможува нивната натамошна делба и раст.

За дезинфекција на водата се користат разни соединенија на хлорот. За водоводите се користи хлор-диоксид, а за отпадните води гасовит хлор, натриум хипохлорит и калциум хипохлорит.


УВ дезинфекција на водата

Ефикасен начин за сузбивање на сите бактерии, вируси и спори, вклучувајќи ги и патогените кои се отпорни на хлор е со помош на УВ дезинфекција, што предизвикува фотохемиски промени во внатрешноста на клетките во организмите.

Ултравиолетово зрачење е форма на електромагнетно зрачење со бранова должина од 10 nm до 400 nm (помеѓу х-зраците и видливиот дел на спектарот). Оптимално УВ зрачење за третирање на водите е помеѓу 245 nm и  285 nm.

 

УВ дезинфекцијата користи ламби со:

  • низок притисок кои емитуваат максимум на бранова должина од 253.7 nm,
  • среден притисок кои емитуваат енергија од 180 до 1370 nm,
  • како и ламби со висок интензитет (пулсирачки).