Сепаратори на масла

Одвојување на маслата кои се содржани во отпадните води од индустриски постројки, бензински пумпи, перални за возила, земјоделски фарми итн.
Пречистување на атмосферските води води од замаслени течности.

Опис

Поделба на сепараторите на масла според типот, протокот, изведбата и намената:

Гравитациски сепаратори на масла

    • Од 0,5 до 20 l/s, цилиндричен облик за вградување во зелени површини BP OLEX G O/SN
    • Од 0,5 до 40 l/s, цилиндричен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP OLEX G O/AB
    • Од 3 до 125 l/s, квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP OLEX G/P

 

Сепаратори на масла со коалесцентен филтер

    • Од 1 до 65 l/s, цилиндричен облик за вградување во зелени површини BP OLEX KF/O/SN
    • Од 1 до 150 l/s, цилиндричен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP OLEX KF/O/AB
    • Од 1 до 300 l/s, квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP OLEX KF/P

 

Сепаратори на масла со сорпциски филтер
(поради ограничени влезни параметри најчеста е изведбата во комбинација со друг предтретман)

    • Од 1,5 до 50 l/s, цилиндричен облик за вградување во зелени површини BP OLEX SF/O/SN
    • Од 1,5 до 50 l/s, цилиндричен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP OLEX SF/O/AB

 

Сепаратори на масла со коалесцентен и сорпциски филтер

    • Од 1,5 до 125 l/s, квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP OLEX KF/SF/P

 

Сепаратори на масла со бајпас

    • Од 3/15 до 200/1000 l/s, квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP OLEX KF/P bypass

 

Изборот на големината на сепараторот зависи од количината на отпадната вода како и од нејзните карактеристики.

Покрај наведените, на барање нудиме и сепаратори на масла со поголеми капацитети и протоци.


Општо

Се употребуваат за одвојување на маслата кои се содржани во отпадните води од индустриски постројки, бензински пумпи, перални за возила, земјоделски фарми итн., односно секаде каде што постои загадување на атмосферските води или процесните води со замаслени течности. Проектирани се во согласност со нормата EN 858-2.


Како функционира сепараторот на масла?

Функционирањето на сепараторите на масла се разликува во зависност од типот и нивната изведба:

  • Сепаратори гравитациски – гравитациско одвојување на маслата,
  • Сепаратори со коалесцентен филтер – гравитациско одвојување на маслата во комбинација со дополнителен коалесцентен филтер,
  • Сепаратори со сорпциски филтер – гравитациско одвојување на маслата во комбинација со дополнителен сорпциски филтер,
  • Сепаратори со коалесцентен и сорпциски филтер – гравитациско одвојување на маслата во комбинација со дополнителен коалесцентен и сорпциски филтер,
  • Сепаратори на масла со бајпас – со дополнителен бајпас во случaј на поројни дождови т.е. на големи налети на атмосферски води.

Одржување на сепаратори на масла

Еднаш до два пати месечно се врши визуелен преглед на состојбата во сепараторот (состојбата на филтрите како и нивоата на маста, маслото и милта). Коалесцентниот филтер може одреден број пати да се регенерира (да се испере со топла вода), додека сорпцискиот филтер во случај на заситување се менува со нов. Сепатраторот се празни по потреба, а маста, маслото, милта како и заситените филтри потребно е да се згрижат на начин пропишан со Законот за управување со отпад, од страна на овластена компанија за собирање и згрижување на опасен отпад. По празнење на уредот потребно е повторно да се наполни со чиста вода.