BP OLEX SF/O/SN

Сепаратор на масла со сорпциски филтер за отпадни атмосферски, технолошки или процесни води.
Реципиентот е во водоснабдителна зона.
Модуларен систем од 1,5 до 50 l/s.
Цилиндрична изведба за вградување во зелени површини.

Опис

Намена:

  • Атмосферски, технолошки или процесни води и сл.,
  • Реципиентот е во водоснабдителна зона,
  • Вградување во зелена површина,
  • Поради строго ограничени влезни параметри (на влезот од уредот) на водата кој што треба да се третира, најчеста е примената во комбинација со друг предтретман.

Конструкција:

  • Цилиндрична изведба со единечен ѕид,
  • Наменет за вградување во зелени површини, без оптеретувања врз уредот,
  • Работат по принципот на разлика на специфичните тежини на течностите во комбинација со сорпциски филтер. Филтерот е изработен од полипропиленски влакна со определена густина кои имаат својство да ја одбиваат водата а да го апсорбираат маслото.

Загарантирана концентрација на масло на излезот од сепараторот:

  • од 0,2 до 0,5 mg/l (согласно предвидените влезни параметри од макс. 5 mg/l)

Норма:

  • EN 858-1 и EN 858-2