Пречистителни станици “FBR”

Пречистителните станици од типот “FBR” се уреди за биолошко пречистување на отпадните води со потопен носач на биомаса.

Користи биофилм технологијата, сложена хетерогена матрица на микроорганизми која се наоѓа прицврстена на потопените носачи на биомаса.

Отпорен на невоедначено хидрауличко и органско оптоварување во текот на денот, и потребна му е помала просторна површина за сместување.

Опис

Поделба на “FBR” пречистителните станици според број на еквивалент жители:

  • Од 51 до 300 ЕЖ , квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP FBR P 51 – 300

На барање нудиме уреди со поголеми капацитети и со поинакви димензии, во согласност со потребите на купувачот.


Општо

“FBR” е изведба на пречистителните станици за биолошко третирање на отпадните води со потопен носач на биомаса.  Се користат како за пречистување на санитарно-фекалните отпадни води, така и во одредени изведби на системите за третман на индустриските отпадни води.

Уредот за пречистување на отпадна вода ја користи биофилм технологијата. Биофилм е сложена хетерогена матрица на микроорганизми која се наоѓа прицврстена на потопените носачи на биомаса.

Овој тип на биолошки пречистувач е отпорен на невоедначено хидрауличко и органско оптоварување во текот на денот, и потребна му е помала просторна површина за сместување.

Загарантирани излезни параметри сe:
Биохемиска потреба од кислород (БПК5) – “Biochemical Oxygen Demand (BOD5)” 25 mg/l и
Хемиска потреба од кислород (ХПК) – “Chemical Oxygen Demand (COD)” 125 mg/l.


Опис на работата на уредот

Се состои од три функционални делови:

  • Резервоар за прифаќање на отпадна вода,
  • Резервоар за биолошки реактор со носач на биомаса,
  • Секундарен таложник.

Отпадната вода доаѓа во резервоарот за прифаќање кој се состои од две комори (во одредени изведби од три комори). Првата комора служи како примарен таложник и како резервоар за вишокот на активната мил која настанува во процесот на пречистување, доколку не се користи посебен резервоар за мил. Втората комора служи како бафер за резервоарот во кој се наоѓа пумпа со која отпадната вода се префрла во биолошкиот реактор.

Во биолошкиот реактор се сместени потопените носачи на биомаса на кои се создаваат колонии на микроорганизми. Носачите на биомаса се изработени од полиетилен кој е отпорен на штетни влијанија на отпадната вода и не е биолошки разградлив и има специфична површина 100-300 m2/m3. Формата на наосачите на биомаса овозможува одлично мешање на содржината на реакторот. Микроорганизмите ги претвораат органските загадувања од отпадната вода во седиментни и минерални материи. Овој процес најповеќе го вршат аеробните микроорганизми со присуство на кислород. Во водата се вдувува свеж воздух со помош на дувалка низ мембранските аератори кои се наоѓаат прицврстени на дното на резервоарот под носачот на биомасата.

По третманот отпадната вода гравитациски истекува во секундарниот таложник. Во него доаѓа до одделување на вишокот на активната мил од прочистената вода. Од овој резервоар прочистената вода се испушта во реципиентот а наталожената мил со пумпа се префрла во резервоарот за мил или во примарниот таложник.