Системи за третман на индустриски отпадни води

Пречистување на отпадни води од индустријата.
Пречистената вода ги задоволува условите за испуштање во реципиент, водотек од II категорија.

Description

Покрај уредите за пречистување на санитарно фекалните води во можност сме да понудиме и уреди за пречистување на отпадните води од индустријата. Имено, индустриските отпадни води претставуваат се поголема закана за загадување на површинските и подземните води, што е главна и основна причина за ставање на овој вид на уреди во нашиот производен асортиман.

Според видот на загадувањето индустриските отпадни води се делат на:

  • Отпадни води кои претежно содржат неоргански материи,
  • Отпадни води кои претежно содржат органски материи,
  • Биолошки потешко разградливи отпадни води,
  • Биолошки полесно разградливи отпадни води.

 

Индустриски отпадни води најчесто потекнуваат од следните индустриски гранки:

  • хемиска,
  • металопреработувачка,
  • прехрамбена,
  • текстилна,
  • хартиена,
  • како и од електро-енергетските системи (термоенергетски објекти и хидроелектрани).

 

Проектирање на системите за пречистување на индустриски отпадни води се врши во согласност со потребите и барањата на инвеститорот.


Пример за пречистување на отпадните води од прехрамбена индустрија

Отпадните води од прехрамбената индустрија најчесто се загадени го големи количини на биолошки лесно или тешко разградливи соединенија. Тешко разградливите соединенија се третираат со хемиска оксидација, што доведува до деградација на истите.

Пречистувањето на отпадните води од прехрамбената индустрија се состои од следните фази:

  • Механички третман
    Отстранување на цврстите материи од отпадната вода, со помош на механичка решетка или соодветно сито.
  • Физичко-хемиски третман
    Со помош на уредот за флотација се отстрануваат материитe кои би го оневозможиле правилното одвивање на биолошкиот процес. На овој процес му претходи дозирање со определени хемикалии, коагуланти и флокуланти.
  • Биолошки третман
    За биолошкиот третман се користи “SBR” уред, по потреба во комбинација со “FBR” или “MBR” уред.
  • Згрижување на настанатата мил
    Добиената мил од биолошкиот реактор и уредот за флотација се собира во резервоар за мил од каде се одведува на машинска дехидрација. На тој начин количината на настанатата мил повеќекратно се намалува, лесно се преработува или одлага.

 

Пречистената вода ги задоволува условите за испуштање во реципиент, водотек од II категорија.

Загарантирани излезни параметри сe:
Биохемиска потреба од кислород (БПК5) – “Biochemical Oxygen Demand (BOD5)” 25 mg/l и
Хемиска потреба од кислород (ХПК) – “Chemical Oxygen Demand (COD)” 125 mg/l.