Дезинфекција и стерилизација

Ги уништува микроорганизмите и производите на нивното разградување во водата, спречува настанување на болести, спречува појава на хидрична епидемија, обезбедува здравствена исправност на водата за пиење.

Дезинфекцијата на водата најчесто се врши со различни хемиски соединенија на база на хлор (NaOCl, CaOCl2, гасно хлорирање) со кои се врши оксидација на органскиот и другите материјали во водата.

Постхлоринацијата е задолжителна постапка во сите комунални системи за производство на вода за пиење.

Во нашата понуда се комплетни системи и придружни компоненти за:

  • Дозирање на течен раствор на хипохлорит
  • Уреди за генерирање на хлор диоксид
  • Уреди за добивање на хипохлорит со процес на електролиза од солен раствор
  • Озон генератори
  • УВ дезинфекција