За компанијата

За компанијата

ЕХИ ДОО е компанија со широк спектар на производи и услуги на подрачјето на третман на комунални, индустриски, питки и процесни води. Со долгогодишното искуство достигнавме препознатлив квалитет на пазарот, кој придонесе за зачувување и заштита на околината. Различните технологии кои ги применуваме во секојдневното работење ни овозможуваат да ги задоволиме сите специфични потреби на купувачите, при што заштитата на околината е на прво место.
Сите наши системи се проектираат и се изработуваат во согласност со Европските норми, и се атестирани од страна на акредитирани институции за контрола на квалитетот.
Во целокупното работење на компанијата имплементиравме интегриран систем на управување со квалитет, животна средина и безбедност на работа согласно со меѓународните стандарди ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018.

Главна цел на нашата дејност е заштита на околината, нејзиното зачувување за идните генерации и прилагодување на дејноста кон политиката за одржлив развој на целиот регион. Од таа причина во компанијата постојано се работи на развој и примена на современите технологии и унапредување на функционалноста на постоечките услуги. Освен стандардните производи, во можност сме да ги исполниме и сите специфични барања на клиентите.
Ви нудиме бесплатни консултации, обуки и совети за правилно и полесно користење на нашите технолошки решенија и производи од нашата понуда, како и бесплатни практични решенија за нивна примена во секојдневието.

Визија

Нашата визија е да станеме Ваш партнер во изборот на постројки за третман на отпадни, питки и процесни води. Како регионален добавувач на опрема и услуги за третман на отпадни работиме напорно на градење партнерства со најголемите светски производители за да станеме нивна доверлива продолжена рака за регионот и пошироко. Нашата визија е постојано да бидеме во чекор со времето во сите сегменти и области каде што делуваме.

Мисија

Нашата мисија е да обезбедиме висококвалитетни производи и услуги за третман на отпадни, питки и процесни води на регионалниот пазар и да создадеме доверба меѓу клиентите преку позиционирање на лидерската позиција на пазарот во Северна Македонија. Ова ни дава мотивација и сила да работиме со максимална посветеност во секое време, да инвестираме во луѓето и технологијата најдобро колку што знаеме и да ги посветиме нашите напори за развој на производи и услуги за клиентите со највисоки стандарди. Нашата мисија е да градиме и одржуваме долгорочни односи со нашите клиенти, во исто време да се грижиме за нашите вработени и да им дадеме можност да работат со интегритет, креативност и во интерес на нашите клиенти и на компанијата.

Вредности

Нашите вредности се основа за развој на нашиот бизнис. Како докажани професионалци им служиме на нашите клиенти врз основа на вредности и принципи. Имаме одлични стандарди за да ја одржиме контролата на работата и да ја спроведуваме со максимален квалитет. Ние се идентификуваме со нашите вредности и постапуваме така што тие се рефлектираат во сè што правиме. Се фокусираме на откривање на потребите на нашите клиенти и обезбедување на алатки за нивно задоволување.

781

Успешни проекти

86

Клиенти

137

Партнерства

Нашиот тим

Нашиот тим е составен од 30 професионалци …