Пречистителни станици “ASP”

Пречистителни станици  тип “ASP” (Activated Sludge Process) представуваат биолошки пречистувачи на санитарно-фекални отпадни води, се изработуваат во контејнерска изведба, едноставни се за вградување и можат да се спојуваат паралелно во поголеми системи за пречистување.

Опис

Поделба на аеробно-анаеробни пречистителни станици според број на еквивалент жители:

  • Од 3 до 25 ЕЖ, цилиндричен облик за вградување во зелени површини BP ASP K O/SN 3 – 25
  • Од 3 до 25 ЕЖ, цилиндричен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP ASP K O/AB 3 – 25
  • Од 30 до 150 ЕЖ, квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP ASP N 30 – 150
  • Од 300 до 600 ЕЖ, модуларни системи поврзани паралелно или сериски BP ASP P 300 – 600
  • Од 500 до 800 ЕЖ, модуларни системи поврзани паралелно или сериски BP ASP P 500 – 800
  • Од 500 до 5000 ЕЖ, бетонска изведба BP ASP 500 – 5000 B

На барање нудиме уреди со поголеми капацитети и со поинакви димензии, во согласност со потребите на купувачот.


Општо

Биолошки пречистувачи на санитарно-фекални отпадни води од типот “BP ASP” (Activated Sludge Process) се изработуваат во контејнерска изведба, едноставни се за вградување и можат да се спојуваат паралелно во поголеми системи за пречистување.

Уредите се изработени од полипропиленски ѕидни елементи и/или полипропиленски / полиетиленски плочи.

 

Стандардно овој тип на уред за пречистување на отпадните води, се состои од:

  • резервоар,
  • дувалка на воздух со низок притисок,
  • потопени аератори,
  • електроуправувачко ормарче (за системи над 20 еквивалент жители).

 

Димензионирањето на биолошкиот пречистувач на отпадни води се врши во согласност со нормите EN 12566-3 и EN 12255, при што за 1 ЕЖ (еквивалент на жител), е предвидена потрошувачка на вода од 150 l/ден и БПК5 60g/ден.

Загарантирани излезни параметри сe:
Биохемиска потреба од кислород (БПК5) – “Biochemical Oxygen Demand (BOD5)” 25 mg/l и
Хемиска потреба од кислород (ХПК) – “Chemical Oxygen Demand (COD)” 125 mg/l.

Пречистената вода ги задоволува условите за испуштање во реципиент, на водотек од II категорија.

Уредите “BP ASP/pump” се со исти карактеристики како и како и останатите “BP ASP” уреди, но се употребуваат кога влезната канализација е предлабока, па економски е по исплатливо отпадната вода да се крене на помала длабочина.

Постои можност уредите да имаат вградено и опрема за далечинска контрола на работењето (вообичаено за поголеми системи).


Опис на работата на уредот

Отпадната вода гравитациски доаѓа до уредот и влегува во примарниот таложник, кој воедно служи и како резервоар за вишок на активната мил. Тука  се врши механичко одвојување (запирање) на пливачките и седиментирачки честички. Механички пречистената вода оди во делот за активација, каде отпадната вода микробиолошки се пречистува.
Одделување на активната мил од пречистената отпадна вода се одвива во секундарниот таложник. Активната мил се таложи на дното на резервоарот а слојот на пречистената вода над милта излегува од уредот во реципиентот како пречистена вода. Згуснатата активна мил се враќа во делот за активација а вишок на милта се префрла во примарниот таложник.


Одржување

Биолошкиот пречистувач на отпадни води тип “BP ASP”, не бара непрекинато надгледување. Бидејќи работи автоматски, потребно е само повремено да се врши контрола на следните начини:

  • Визуелна контрола на уредот
    Потребно е да се контролираат цевките за да се спречи затнување на истите, како на цевките во внатрешноста на уредот, така и на доводната и одводната цевка. Исто така, мора да се следат и промените на изгледот и бојата на милта (доколку пожолти, поцрни или или се јават слични промени). При појава на вакви промени потребно е да се земат мостри и да се изврши анализа на истите за да се спречи изумирање на биомасата.
  • Мерење на висината на милта
    Висината на милта се мери со помош на мерач на милта. Со лесно потопување на мерачот ќе се почуствува промена во отпорот, што значи дека сме дојдени до преминот помеѓу водата и милта. Потопеноста на мерачот во таков случај го гава нивото на водата над слојот од мил, со што може да се определи и нивото на самата мил.
  • Земање на мостри
    Mострите се земаат од цевките за испуштање на пречистената вода од уредот или од првата канализациска шахта после уредот.
  • Отстранување на милта
    Се врши по потребата, односно кога милта ќе достигне длабочината од 100cm -110cm или два пати годишно, како и во случај кога уредот нема да биде користен подолго од три месеци. Самото отстранување на милта се врши по следниот редослед:

    − се исклучува уредот,
    − се отвара капакот на резервоарот за милта,
    − корпата за вшмукување на милта од комуналното возило се поставува приближно на половина од длабочината на резервоарот,
    − се празни половина од смесата во резервоарот,
    − дел од водата се врќа назад за да се изврши мешање на преостанатата мил во резервоарот,
    − корпата за вшмукување да се спушта на дното од резервоарот и се празни додека во резервоарот не останат 200 mm вода и мил,
    − резервоарот се полни со чиста вода и се пуштa уредот во работа.