Сепаратори на масти

Служат за собирање на органски масла и масти кои се содржани во отпадната вода.
Се спречува затнувањето на канализацискиот систем и загадување на водотекот.

Опис

Поделба на сепараторите на масти според протокот, изведбата и намената:

  • Од 1 до 15 l/s, цилиндричен облик за вградување во зелени површини BP FETEX O/SN
  • Од 1 до 15 l/s, цилиндричен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP FETEX O/AB
  • Од 1 до 25 l/s, квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP FETEX P
  • Од 2 до 11 l/s, квадарен или цилиндричен облик, самоносечки со автоматско чистење BP FETEX O/AU

Зависно од потребите, покрај наведените сепаратори на барање нудиме и сепаратори со поголем капацитет и проток.


Општо

Сепараторите на масти служат за собирање на органски масла и масти кои се содржани во отпадната вода од кујни, прехрамбена индустрија, кланици и сл. Со одвојување на мастите се спречува затнувањето на канализацискиот систем и загадување на водотекот.

Сепараторите на масти се употребуват во погоните каде што постои можност за појава на масти во отпадните води, со што мастите се задржуваат во сепараторите. Проектирани се во согласност со нормите EN 1825-1 и DIN 4040. Улогата на сепараторот е да се задржат супстанциите кои имаат негативно влијание на одводниот систем. Отпадната вода која што содржи масти може да доведе до појава на наслаги кои можат да бидат причина за запушување на канализациониот систем. Исто така при разградување на мастите се создава погодно тло за појава на микроорганизми како и агресивни киселини кои што можат да им наштетат на канализациските цевки.

Некои од објектите кои што би морале да имаат сапаратори на масти се:

  • Ресторани
  • Хотели
  • Големи кујни
  • Пекари
  • Слаткарници
  • Гастрономски објекти
  • Објекти за преработка на месо
  • Погони за преработка на растителни и животински масти

Како функционира сепараторот на масти?

Во основа сепараторот на масти функционира по принцип на гравитациско одвојување на мастите кои што пливаат во водата, како и цврстите материи кои се таложат на дното. Со што се создава слој од прочистена вода која може да се испушти во реципиент.

Изборот на големината на сепараторот зависи од количината на отпадната вода како и од нејзните карактеристики.


Одржување на сепаратори на масти

Еднаш до два пати месечно се врши визуелен преглед на состојбата во сепараторот (нивото на маста и милта). Сепатраторот се празни по потреба, а маста и милта потребно е да се згрижат на начин пропишан со Законот за управување со отпад, од страна на овластена компанија за собирање и згрижување на опасен отпад. По празнење на уредот потребно е повторно да се наполни со чиста вода.