Пречистителни станици со микрофилтрација

Пречистителни станици од типот “ASP ULTRA” представуваат стандардни “ASP” уреди во комбинација со микрофилтри.
Пречистување на отпадната вода од сите цврсти материи кои се поголеми од порите на мембраната (0,000035mm).

Опис

Поделба

Според бројот на еквивалент жители пречистителните станици со микрофилтри ги делиме на:

  • Од 3 до 25 ЕЖ, цилиндричен облик за вградување во зелени површини BP ASP K ULTRA O/SN 3 – 25
  • Од 3 до 25 ЕЖ, цилиндричен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP ASP K ULTRA O/AB 3 – 25
  • Од 30 до 150 ЕЖ, квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP ASP N ULTRA 30 – 150 (комбинација од повеќе модули до 1000 ЕЖ)

Општо

Мембранска филтрација (микрофилтрација) се состои од конвенционалниот активациски процес во комбинација со микро филтри што овозможува мошне ефективното одделување на цврстите материи (активна мил) од течната фаза (обработена отпадна вода). Механички третираната вода покрај стандардниот процесот на аерација-биолошки третман, дополнително поминува низ мембрана, т.е. се чисти од сите цврсти материи кои се поголеми од порите на мембраната (0,000035mm). Благодарејќи на карактеристиките на мембраната можно е да се отстранат вируси, колоиди, бактерии, белковини, итн.

Биолошките пречистителни станици на отпадни води од типот “BP ASP ULTRA” кои го користат мембранскиот третман, овозможуваат да пречистената вода се употребува за перење на автомобили, наводнување на насади или како санитарна вода.

Димензионирањето на биолошките пречистителни станици на отпадни води “BP ASP ULTRA” е извршено во согласност со стандардите EN 12566-3 и EN 12255, и по 1 ЕЖ (еквивалент жител) е предвидена потрошувачка на вода од 150 l/ден и БПК5 60 g/ден.

Загарантирани излезни параметри сe:
Биохемиска потреба од кислород (БПК5) – “Biochemical Oxygen Demand (BOD5)” до 5 mg/l и
Хемиска потреба од кислород (ХПК) – “Chemical Oxygen Demand (COD)” до 25 mg/l.


Опис на работењето на уредот

Отпадната вода влегува во примарениот таложник кој истовремено служи и како резервоар за вишокот на милта. Тука се задржуваат т.е. се попречува понатамошно проаѓање на седиментирачките и пливачките материи и истите се подложени се на анаеробна разградба. Механички третираната вода се прелева во активациски дел во кој се наоѓа модул за мембранска филтрација (микрофилтрација). Активацискиот дел (резервоар) се користи како за биолошки третман така и за микрофилтрација со помош на мембраните. На дното на овој дел се поставени аератори кои служат како за аерација така и за чистење на мембраната, а со воздух ги снабдува дувалка (компресор).

Смесата на активна мил под притисок се филтрира низ мембраната. Во случај да модулот за мембранска филтрација (микрофилтрација) не е во функција, смесата се прелева во вертикален секундарен таложник каде се насобира и таложи милта, а подоцна (по таложењето) пречистената вода истекува од уредот. Концентрираната мил од дното на секундарниот таложник се префрла во примарниот таложник. Исто така, вишокот на активна мил од активацискиот дел, се препумпува во примарниот таложник.