Начин на вградување на уред со цилиндричен облик и единечен ѕид

Начин на вградување на уред со цилиндричен облик и единечен ѕид (наменет за вградување во зелена површина)

Зелена површина

Потребно е да се изведе ископ околу 40cm поголем од димензиите на уредот. На дното на ископот се поставува тампонски слој на чакал или песок со дебелина 15cm-20cm. Тампонскиот слој грубо се планира и набива така што на завршната површина под темелната плоча да се добие потребниот модул на збиеност. Преку тампонскиот слој се бетонира двојно армирана темелна плоча со дебелина 20cm-25cm. Класата на бетонот, распоредот и димензиите на арматурата се определуваат во зависност од планираното оптоварување, бараната носивост, геомеханичките и хидрогеолошките услови. Бетонот е потребно добро да се измазни за да се избегне оштетување на уредот. Надзорниот инженер треба да го прегледа ископот и темелната плоча пред вградување на уредот. Уредот се поставува на средината на ископот врз темелната плоча и се спојува на влезниот и излезниот цевковод. Потоа просторот помеѓу уредот и ископот се затрупува со влажен песок, при што уредот мора етапно да се полни со вода, се до врвот (во слоеви до 30cm кои го следат затрупувањето). Над поставениот уред се распостелува земја во слој со дебелина 20cm-25cm. По вградувањето уредот мора секогаш да е исполнет со вода.

Ова се само општи упатства за вградување и се од информативна природа, односно истите се прилагодуваат на условите на теренот (геомеханичките, хидролошките, инфраструктурните, итн.), како и на правилата на струката. Сите дополнителни информации за специфичностите на вградувањето, можат да се добијат од проектантот и производителот на уредот.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ !