Дехлорирање и дезодорација

Опрема од реномирани производители стручно имплементирана во согласност со вашите барања

Првенствено се наменети за производителите во прехрамбената индустрија, како и за подготовка на вода за пиење. Активниот јаглен, кој го сочинува исполнувањето на филтерот, периодично се заменува по исцрпувањето на своите абсорпциони способности.

Примена:

  • Отстранување на органските материи од водата
  • Отстранување на резидуалниот хлор од водата
  • Дезодоризација на алкохолот т.е. за отстранување на супстанците кои му даваат непријатен вкус, мирис и боја
  • Предтретман за реверзна осмоза

Нашата понуда опфаќа:

  • Автоматски филтри дизајнирани за најтешки индустриски услови
  • Сите модели се достапни во сингл, дуплекс, триплекс и квадриплекс варијанта
  • Повеќе видови на активен јаглен во зависност од апликацијата и барањето на корисникот
  • Вршиме замена на филтерските исполни во моментот на исцрпеност
  • Нашите инженери со задоволство ќе Ви помогнат во одбирањето на соодветна конфигурација како и во интеграцијата на уредите во линијата за подготовка на водата
  • Сервисниот тим може да изврши поврзување на уредите и пуштање во работа на Вашата локација