Системи за пречистување на воздух

  • Проектирање и изведба на системи за пречистување на воздух со помош на биофилтри, апсорпција со активен јаглен или отстранување на токсични и корозивни гасови
  • Контрола на загаденоста на воздухот
  • Проектирање и производство на пластични вентилациски системи

Опис

Биофилтрација

Прочистувањето на воздухот со биофилтрација се базира врз принципот на биолошка разградбана штетните материи од воздухот. Загадениот воздух поминува низ пропустлива површина (тресет или SBRM), и со помош на бакериите сместени на истата, се пречистува и одведува од системот.


Апсорција ао активен јаглен

Системот за пречистување на воздухот со активен јаглен функционира на начин што загадувањето од воздухот се врзува за апсорберот, а се испушта пречистенот воздух. Апсорберот може да биде стандарден активен јаглен или натопен активен јаглен (за специфични гасови како H2S, NH3).


Отстранување на токсични и корозивни гасови

Пречистувањето се врши со растворање на загадувањата (штетни гасови) во соодветна течност (вода, вода со реагенси или вода со растворувач). За отстранување на токсични и корозивни гасови од воздухот се користат: наизменични пречистувачи, спрејни прочистувачи и вентури пречистувачи.


Контрола на загаденоста на воздухот – мерење на загаденоста се врши со соодветни мерни уреди, и во согласност со добиените резултат, се управува со системот за пречистување.

Во случај кога воздухот е загаден со агресивни примеси, вентилаторите, приклучоците и вентилациските канали на системот за пречистување се изработуваат од полипропилен.

Системите се изработуваат согласно потребите и барањата на проектантите.