Сигурносни уреди

Сигурносните уреди служат за спречување на истекување на отпадни води во реципиентот.

 

Тоа се постигнува на следните начини:
  • Дојава при појава на преполнетост на сепараторот на лесни течности
  • Прифаќање на поголеми количини излеани лесни течности

 

Опис

Алармни уреди за сепаратори на масла и масти

Улогата на овие видови на алармни уреди е предупредување при појава на потреба за празнење на сепараторите, односно отстранување на насобраната мил, масло и масти од уредот. Примената на алармните уреди претставува превентивна заштита како за животната средина, така и за одржувањето на функционалноста и економичноста на самиот уред. Важно е да се напомене дека постои можност алармниот уред преку интернет да се поврзе со далечински надзор на системот, со што се постигнува уште повисоко ниво на контрола на работата и ефикасноста на алармниот уред.

Нормите кои ја регулираат примената на алармите уреди кај сепараторите на лесни течности се:

  • EN 858-1 Сепараторите на лесни течности требаат да бидат опремени со уред за автоматско предупредување
  • DIN 1999-100 Вградените уреди за самостојно автоматско предупредување мора да реагираат на критичното ниво на лесни течности

Со оглед на тоа дека концептот на наведените норми е на ниво на препорака, локалните власти може, во случај на непостоење на можност од истекување на лесни течности од сепараторот, да дозволат користење на истиот без уред за автоматско предупредување.


“Buffer” – Резервоар за прифаќање на поголеми количини излеани лесни течности

Служи за прифаќање на поголеми количини на лесни течности при појава на хаварија т.е. излевање на нафтени деривати од цистерни. Се димензионира според волуменот на цистерните за транспорт на лесни течности, а се вградува на местата каде постои ризик од излевање на истите. Во случај на хаварија т.е. со појава на поголеми количини на нафтени деривати во одводниот систем, за кои сепараторот не е издимензиониран, доаѓа до затворање на сигурносниот вентил сместен на излезот од сепараторот за масло, при што целата количина на лесна течност со помош на бајпас се одведува во “Buffer” резервоарот.