Опис
При процесот на биолошко пречистување на отпадните води настануваат мил и пречистена вода. Водата се испушта во природен реципиент, додека на одредени временски интервали потребно е да се одстрани и вишокот на настанатат мил. Со помош на специјали возила милта се одлага на места предвидени за ваква намена, со што се зголемуваат финансиските трошоци за одржување на уредот. За намалување на овие трошоци нудиме компостирање на истата.
Принцип на работа
Еднаш во текот на денот милта од таложникот на биолошкиот уред со помош на пумпа се префрла во уредот за компостирање. Во уредот за компостирање со помош на сито и дрвена смеса (остатоци од дрво или биомаса) се процедува вишокот на вода која се враќа во биолошкиот уред, а милта се задржува во компостерот. Еднаш до два пати годишно од уредот за компостирање се вади сировиот компост и понатаму се третира во термокомпостер, каде по природен пат се постигнува температура од приближно 70°C, со што истовремено термички се хигиенизира. Притоа сировиот компост се меша со дрвената смеса и се става во компостни вреќи од специјален текстил. Така создадениот компост, по 3-5 години може да се користи како ѓубриво. На овој начин петчлено семејство, во рок од 5 години, може да произведе 500 л компост.