Опис
Во денешно време, кога станува многу важно да се зачува животната средина од натамошни загадувања, се вложува многу труд и знаење во подобрување на работата и унапредувањето на технологијата на уредите за третман на отпадни води.
За да може во секој момент да се контролира ефикасноста на работењето и по потреба да се управува со уредите за третман на отпадни води, во соработка со реномирани домашни и странски компании, можеме да понудиме далечински надзор и управување со истите.
Поедноставениот систем за далечински надзор и управување би имал можност за мерење на неколку влезни и излезни параметри (pH вреднос, проток, количина на растворен кислород, заматеност, ниво на талог, редокс реакција) како и контрола на работата на рециркулирачката пумпа и компресорот. Овој систем може да се надгледува преку компјутер или преку мобилни апликации.
Кај компактни и софистицирани системи постои можност за управување со целиот технолошки процес.