BP OLEX KF/O/AB

Сепаратор на масла со коалесцентен филтер за отпадни води.
Реципиент водотек од II категорија.
Модуларен систем од 1 до 150 l/s.
Цилиндрична изведба за вградување во коловозни и зелени површини.

Опис

Намена:

  • Реципиент водотек од II категорија,
  • Вградување во коловозна и зелена површина,
  • Дополнителна карактеристика  на сепараторите со коалесцентен филтер е големината на таложникот за мил, која е определена зависно од намената:
    • M – за подрачја каде се очекува минимална количина на мил (паркиралишта, сообраќајници, покриени бензиски пумпи и сл.),
    • L – за подрачја каде се очекува средна количина на мил (бензиски пумпи, перални за патнички возила и сл.),
    • XL – за подрачја каде се очекува голема количина на мил (автоматски перални за возила, перални за тешки возила и сл.).

Конструкција:

  • Цилиндрична изведба со двослоен ѕид,
  • Наменет за вградување во коловозни површини, со изведба на армирано бетонска плоча врз уредот,
  • Работат по принципот на разлика на специфичните тежини на течностите во комбинација со коалесцентен филтер.

Очекувана концентрација на масло на излезот од сепараторот:

  • до 5 mg/l (согласно предвидените влезни параметри)

Норма:

  • EN 858-1 и EN 858-2