Начин на вградување на уред со цилиндричен облик и двослоен ѕид

Начин на вградување на уред со цилиндричен облик и двослоен ѕид (наменет за вградување во коловозна површина)

Коловозна површина

Потребно е да се изведе ископ околу 40cm поголем од димензиите на уредот. На дното на ископот се поставува тампонски слој на чакал или песок со дебелина 15cm-20cm. Тампонскиот слој грубо се планира и набива така што на завршната површина под темелната плоча да се добие потребниот модул на збиеност. Преку тампонскиот слој се бетонира двојно армирана темелна плоча со дебелина 20cm-25cm. Класата на бетонот, распоредот и димензиите на арматурата се определуваат во зависност од планираното оптоварување, бараната носивост, геомеханичките и хидрогеолошките услови. Бетонот е потребно добро да се измазни за да се избегне оштетување на уредот. Надзорниот инженер треба да го прегледа ископот и темелната плоча пред вградување на уредот. Уредот се поставува на средината на ископот врз темелната плоча и се спојува на влезниот и излезниот цевковод. Потоа просторот помеѓу двослојниот ѕид на уредот се исполнува со бетон со ниска конзистенција, при што потребно е внатрешноста на истиот постепено да се полни со вода, во етапи кои ги следат слоевите на бетонирањето (30cm-40cm над задниот слој на бетонот). Максималната висина на бетонот не смее да надмине 1m/ден. Затрупување на уредот се врши со влажен песок во слоеви од 15cm, со рачнo набивање на слоевите. Над поставениот уред потребно e да се изведе армиранo бетонска плоча во согласност со предвиденото оптоварување (класата на бетонот, распоредот на арматурата и дебелината на плочата мора да му одговараат на идното оптоварување). По вградувањето уредот мора секогаш да е исполнет со вода.

Ова се само општи упатства за вградување и се од информативна природа, односно истите се прилагодуваат на условите на теренот (геомеханичките, хидролошките, инфраструктурните, итн.), како и на правилата на струката. Сите дополнителни информации за специфичностите на вградувањето, можат да се добијат од проектантот и производителот на уредот.

Зелена површина

Забелешка: Согласно горе опишаниот начин на вградување, уредите со цилиндричен облик и двослоен ѕид може да се вградуваат и во зелена површина.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ !