Опис
Намена:
- Паркиралишта за патнички возила и сл.,
- Реципиент водотек од II категорија (кога се смета за прифатлив ризикот да се нема целосен третман на водата во случаи на големи протоци),
- Вградување во коловозна и зелена површина.
Конструкција:
- Квадарна изведба, изработен од полипропиленски ѕидни елементи односно плочи,
- Наменет за вградување во коловозни површини, со изведба на армирано бетонска плоча врз уредот,
- Работат по принципот на разлика на специфичните тежини на течностите во комбинација со филтер.
Опис:
- Номиналната големина на сепараторот со бајпас се проектира во согласност со количините на отпадната (атмосферска) вода која што треба да се третира. Проектирани се да ја пречистуваат сета загадена вода од зададената површина со предвидена количина на вообичаени врнежи до 6,5 mm/h. Во текот на пороен дожд првиот налет на загадена вода поминува преку филтерот на сепараторот со што се овозможува пречистување на водата. Како што се зголемуваат врнежите количината на масло во водата што треба да се третира значително се намалува, и истата наместо низ филтер, со помош на бајпас заминува во реципиентот. Протокот низ бајпасот во однос на третираната вода низ филтерот е во сооднос 1:5. Се користи на места каде можат да се појават само мали загадувања на пр. на паркинзи за патнички автомобили, одосно кога се смета за прифатлив ризикот да се нема целосен третман на водата во случаи на големи протоци. Во други случаи не е прифатливо користење на сепаратор на масло со бајпас.
Загарантирана концентрација на масло по пречистување:
- до 5 mg/l (согласно предвидените влезни параметри)
Норма:
- EN 858-1 и EN 858-2