Опис
Намена:
- Атмосферски, технолошки или процесни води и сл.,
- Реципиентот е во водоснабдителна зона,
- Вградување во коловозна и зелена површина,
- Поради строго ограничени влезни параметри (на влезот од уредот) на водата кој што треба да се третира, најчеста е примената во комбинација со друг предтретман.
Конструкција:
- Цилиндрична изведба со двослоен ѕид,
- Наменет за вградување во коловозни површини, со изведба на армирано бетонска плоча врз уредот,
- Работат по принципот на разлика на специфичните тежини на течностите во комбинација со сорпциски филтер. Филтерот е изработен од полипропиленски влакна со определена густина кои имаат својство да ја одбиваат водата а да го апсорбираат маслото.
Загарантирана концентрација на масло на излезот од сепараторот:
- од 0,2 до 0,5 mg/l (согласно предвидените влезни параметри од макс. 5 mg/l)
Норма:
- EN 858-1 и EN 858-2