Омекнување

Опрема од реномирани производители стручно имплементирана во склад со вашите барања

Јонска измена: Единствена постапка за добивање на омекната вода. Конечен и неповратен процес. Компонентите од кои потекнува тврдината на водата потполно се отстрануваат така да се постигнува < 0,1 °dH.

Регенерација: Во моментот кога ќе се постигне заситување на исполнувањето на омекнувачот тој се регенерира со раствор на сол натриум хлорид. Бидејќи во текот на регенерацијата симплекс уредите дистрибуираат само сурова вода кон потрошувачите, дуплекс уредите се вистинскиот избор ако е потребен континуитет во производството на омекната вода.

Омекнувањето на водата е замена на јоните додека салинитетот на водата останува практично непроменет.

Временски контролираните уреди се претежно симплекс уреди. Регенерацијата се стартува во дефинирано време, кога не е потребна омекната вода.

Зафатнински контролираните уреди максимално го искористуваат капацитетот на смолата во уредот. Водомерот ја регистрира количината на истечена омекната вода и дава сигнал на контролната единица. Кога е произведена однапред зададената количина на омекната вода автоматски се покренува процесот на регенерација.

Примена:

  • Топловодни и котелски системи
  • Разладна вода (отворени и затворени разладни системи)
  • Заштита на системот за реверзна осмоза
  • Омекнување на процесна вода за индустријата
  • Снабдувањето со вода во пиварите и прехрамбената индустрија
  • Пречистување на водата за пиење