Пречистителни станици “SBR”

Пречистителните станици од типот “SBR” представуваат уште една од изведбите на биолошките системи за пречистување на санитарно-фекални отпадни води со аерација.
“SBR” уредите се применуваат во случаеви кога хидрауличкото оптоварување варира (ресторани, објекти во туристички дестинации, итн.).

Опис

Поделба на “SBR” пречистителните станици според број на еквивалент жители:

  • Од 4 до 40 ЕЖ, цилиндричен облик за вградување во зелени површини BP SBR O/SN 4 – 40
  • Од 4 до 40 ЕЖ, цилиндричен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP SBR O/AB 4 – 40
  • Од 4 до 40 ЕЖ, квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP SBR P 4 – 40
  • Од 6 до 40 ЕЖ економик, квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP SBR EP 6 – 40
  • Од 51 до 250 ЕЖ, квадарен облик за вградување во коловозни и зелени површини BP SBR P 51 – 250
  • Од 300 до 500 ЕЖ, модуларни системи поврзани паралелно или сериски BP SBR 300 – 500
  • Од 600 до 1000 ЕЖ, модуларни системи поврзани паралелно или сериски BP SBR 600 – 1000

На барање нудиме уреди со поголеми капацитети и со поинакви димензии, во согласност со потребите на купувачот.


Општo

“SBR” уредот е една од изведбите на биолошкиот систем за пречистување на санитарно-фекални отпадни води со аерација.

Проектирани се според нормите EN 12566-3, DIN 4261-2, и EN 12255.

Се применуваат во случаеви кога хидрауличкото оптоварување варира (ресторани, објекти во туристички дестинации, и сл.).

Уредите се изработени од полипропиленски ѕидни елементи и/или полипропиленски / полиетиленски плочи.


Опис на работата на уредот

Пречистување на отпадната вода се одвива во 3 циклуси дневно и во 4 фази по циклус.

Фазите се:

  1. ДОТОК НА ОТПАДНА ВОДА – Отпадната вода од делот за предтретман се доведува во “SBR” реактор.
  2. АЕРАЦИЈА – Во отпадната вода со помош на аератор се вдувува свеж воздух, при што доаѓа до интензивно мешање на водата. Микроорганизмите кои се наоѓаат во водата вршат разградба на биолошката материја од отпадната вода.
  3. ТАЛОЖЕЊЕ – Во оваа фаза се прекинува со вдувувањето на воздух, со што настанатата мил се таложи на дното од уредот. Во горната зона останува слој на чиста вода.
  4. ОДВОД НА ПРЕЧИСТЕНА ВОДА, ИЗЛЕЗ – Слојот на пречистена вода, со помош на мамут пумпа (Airlift pump) се испушта во реципиентот.

По завршувањето на четирите фази од еден циклус започнува нов циклус.

Циклусите во кои се одвиваат посебните фази траат по 8 часа, значи 3 циклуса во текот на еден ден. Настанатата активна мил се препумпува во примарниот таложник, каде во случај на потреба се врши неутрализација на истата. За полнење се користат милни пумпи на “SBR” реакторот.